Едности IV, 276-285

Потребно време за читање: < 1 минута

276. Страд

Се менуват плима и осека во крв.

277. Натпејување

Славеј натпејува распеано срце.

278. Лирик

Во збор не сокрива ни воздишка.

279. Снажен

И стена откршува од планина.

280. Ни одблизу

Тебе ни одблизу не те препознава.

281. Руба

Во дрвен ковчег чува руба необлечена.

282. Изневера

Негова изневера-твоја самота.

283. Таа југа

Зошто ли ја остави во невреме?

284. Радо

Од еден до друг кладенец итам.

285. Клуч

Во мене клуч на спокојна тишина.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих слушајќи говор и пој на птици)