Благородност

Тивки клокоти

Според изразноста и значењето, на благородноста најблиски ѝ се благодушноста, добродушноста и човештината. Блиски ѝ се и милостивоста и доблеста.

Таа најмногу се врзува за душата и срцето. Се изразува, потврдува со добар, убав, богат збор, но и со добро, вредно, убаво, долготрајно дело.

Во нашево совремие, како и во многу други пред него, блиски и далечни, благородноста најнапред упатува на моралните својства на човекот.

Пред сè на неговата непорочност.

Да не се заборави и на неговата добронамерност.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 160

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.