Воспитание

Тивки клокоти

Воспитанието е клучно за цивилизацискиот напредок на човекот. Без него се губи смислата на самото постоење во негово време.

Тоа се темели најнапред на одгледување, негување, растење на родот и потомството, а потоа на генерации кои подготвени, учени и со насобрано искуство треба да ги живеат и продолжат вредностите на животот. Да ги живеат, едновремено надградувајќи ги и создавајќи нови-свои.

Секако најважно од сè е дека човек може да воспита човек само ако е воспитан како човек.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 158

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.