Себичност-Несебичност (Егоизам-Алтруизам)

Тивки клокоти

Денес е сè попотребна несебичноста-алтруизмот?!  Просто неопходна?! Да! И тоа многу повеќе од вчера, отколку во минатото. Утре можеби најпотребна. Наспроти себичноста-егоизмот.

А себичноста-егоизмот не?Да, во извесна мера. Во извесно и во неизвесно. Особено кога е секојдневна личната загроза, особено кога се атакува на творец и негово дело. Извесна како самоодбрана.

Од несебичноста-алтруизмот пред сè друго грижата за друг е секако најпрва. Но, таа не смее да остане само лично остварување. Затоа што како животна, таа-несебичноста-алтруизмот ги содржи и наклонетоста и љубовта. Особено колективната подготвеност да им се помогне на други, а притоа да се биде над сопствените интереси.

Со жртување и одрекување, со заеднички, колективен, општествен, државен интерес. Затоа што е просоцијална.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази,153

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.