Самодоверба-Убеденост-Самокритичност

Тивки клокоти

Самодеверба не е само сакање на себеси, на своето јас сосе своите вредности, сосе своите доблести, ами и единственост и докажаност на себеси како човеек со самосвест кој стамено чекори кон свои цели до својата конечна цел. Без самодоверба човек може да го доведе во прашање и сопственото постоење и сопствениот опстанок.

Самостојно, но и заедно и наспоредно со самодовербата иде убеденоста. Колку е таа позитивна? Не е ли повеќе негативна?

Како позитивна ја поткрепува, па и ја затврдува стаменоста сосе достојноста. Во позитивна смисла таа значи решителност, а во извесна смисла сигурност. Како негативна, убеденоста е блиска, неретко се изедначува со неподготвеноста да признае туѓа убеденост, туѓи факти и аргументи; која ја препознаваме како тврдоглавост.   

Да си еднакво критичен и самокритичен, е тоа е најпрепознатливото за секого што постојано го осознава, досознава, испитува и преиспитува, оценува и преоценува создавањето и создаденото. Можно ли е? Се разбира, но само доколку имаш сопствен критериум за сè вредно и невредно што те опкружува, со што те опкружиле. Многу важно: да не си ниту претерано критичен, ниту претерано самокритичен.

Прочитај и за ... >>  Повторливо

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 146

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.