Самољубје-Себичност-Егоизам

Тивки клокоти

Колку ли самољубиви помеѓу нас и околу нас! Дозволуваме да нè куражат, да нè помагаат, да нè туркаат напред? Не сме ли и самите неподносливо самољубиви? Има ли подносливо самољубје?

Тешко му на самољубјето со оние кои гледаат пред себе, се на чекор пред други, а се обѕрнуваат назад и лево и десно да не случајно почне да им ласка друго самољубје.

Уште потешко му е на самољубив, а згора и себичен.

Не се знае кому му е потешко: на повеќе самољубив одошто себичен, на повеќе себичен одошто самољубови или на еднакво самољубив и себичен.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 144

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.