Слава

Тивки клокоти

Не стекнуваш слава ако ти е до слава. Ако ти е до неа, нема ни сам да ја стекнеш со дело или добродетелство, ниту ќе ти ја даде некој.

На славниот славата ништо не му значи. Му значи она што го направило славен.

Не ти треба слава во неславно време. Во нeго таа е лажна и спротивна на вистинските вредности. Во славно време, пак, славата ја стекнуваш сам, кај оние што знаат да ги препознаваат вистинските вредности.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 140

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.