Скромност

Тивки клокоти

Не е на показ и доказ лажната скромност. Таа тоа не го заслужува. Ѝ подаруваме внимание на скромноста како лична карактерна особина, но не врзана за големината или дребноста, за прилагодбата или (не)потребноста.

Пред нас и со нас е скромноста која не бара да ја забележиме, а најмалку, пак, да ја истакнуваме. Онаа што им прилега на величините.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 139

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.