Дело за саможртва

Потребно време за читање: < 1 минута

Се жртвува себеси
Со сето свое битие
Со сета своја сушност
На постоењето
За заживување на дело
Што го пронајде на пат
Кон нов хоризонт.

Делото не е сосем мртво
Речиси е мртво
Всушност има уште
Жива душа во срцето
И свеста за неминовно
Поразување на силите
Временски без време
Кое се мери со векови
Или со мигови.

А го пронајде делото
Сосем случајно на пат
Кон нов хоризонт
Откога изгревите
На неговите нови дни
Почна да ги прибира
Само за свој опстанок
Без залези во дамнешно
Или блиско минато.

Никаков знак на знаен
Или на незнаен творец
На пронајденото дело
Може да се создало само
Може да го создал некој
Безимен.

И одблизу и оддалеку
Делото за заживување
Кое како да бара он
да се жртвува себеси
Со сето свое битие
Со сета своја сушност
На постоењето
Е гола мраморна жена  
Со плод во утробата.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 27