Народски изреки IV, 808-1. 000

Потребно време за читање: 9 минути

808. Се кити со туѓо перје од шо му фали ум, а не заради убајна.

809. Сал сакајње беспоговорно.

810. Големштилако никако не му се прилепуа на голем со големо дело.

811. Оти некој да сака да те запри на твојо пат?!

812. Е како тоа никој со мене, а се небројано многу?!

813. Да не ми је тежеста  на годињево, мајчето би им го расплакал на властољубивите изроди и апашиштата.

814. Нема поголема бедотија од бедотијата на духо.

815. Една је љубовта и на млади и на стари годиње.

816. Познат ем признат чоек во живото незнаен.

817. Жив сони буден.

818. Зборој секакви, ама никогаш празни и не наместо.

819. Сончогледо се врти по сонцето отворен, ама и варди од кај можи да го дувни некој ветар.

820. Црно му се пиши на оној шо зависи од пишано на полојна писмен.

821. Брачни маж и жена во бизнисо ко да не се.

822. Ако мора прао, нема мрдање лево али десно. Ама шо ако не се знај кон кај прао?!

823. Свето не можи напред со јаки и слаби, поготово не со слаби зависни од јаки. Ќе стој во место ко шо стој.

824. Нигде ја и ти дамна еден без друг.

825. Политикантиве кај нас никако да речат „народ“. „Граѓани“, па „граѓани“. Дека се ненародни али однародени?!

826.Политиканто је најголем внатрешен непријател на народо.

827. Не се менјува свето, ами се прекројува. Оти је грешно скроен и крпен.

828. Сè смислено и напраено од чоек је да му служи на чоек.

829. За да живејме чоечки, мораме да се вратиме на вредностите. Минливостите и дребнавостите се за бавна умирачка.

830. Лесни се зборојте без мисла во ними и меѓи ними.

831. Нема смисол да се трошиш за да трошиш.

832. Се страшиш дур` стварно не си слободен.

833. Никој ништо не му можи на чоек со љубов.

834. Ти пожелуам денес да ти биди појќе од вчера во твојто утре.

835. Зад тебе никој за по тебе.

836. Нема слобода за сите сè дур` има во зандани борци за слобода.

837. Џабе му збориш на оној шо нејќи да слуша.

838. Нека биди за арно ко шо си домислил.

839. Ја и ти да сме заедно, па ќе биди како нам ни чини.

840. Сам самотник во лујѓе.

841. Се сили кабаетлија оти кабаето му је нарачан.

842. Наци-фашистичка ЕУ веќе не можи да опстани со притисок, условувања ик уцени, па мора да војва. Ѝ нема спас.

843. Шо је со тебе?! Не личиш на себеси. Ма не личиш на чоек!

844. Шо је? Бледи ви се ликојте ко да сте пред смрт! Да не ви го секнале изворо на парите?

845. Ако биди ко шо изгледа и се насетуа, ќе биди ко шо треба. Вака како је, европејскана унија скоро нема да ја биди!

846. И шо да се прај со сосед кој неќи да биди добар?

847. Еј вие во власта, зар заборајвте оти народо бара да удрите по апашиштата изроднички и да ги напикате во зандани?

848. Со нашите рожби и близу и далеку во исто сакајње.

849. Никој да не биди ко ти. Докажан оти она шо ќе ти го надробат, то го сркаш.

850. Заљубена убајна на лице и на снага.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА УМО-ПАМЊЕТО-РАЗУМО

851. Секоаш појќе со ум, одошто со разум.

852. Чекајќи го умо, кумо заборај оти треба совреме да си појди.

853. Брго суди оној шо не је баш при ум.

854. Глаата има две очи, а еден ум.

855. Ученио води до негде, умнио води до кај шо си тргнал.

856. Не барај умен меѓу будали.

857. Чоек со пари, а без ум го јади жив страв да не се најди чоек и со ум и со пари.  

858. Ништо не се прај со ум, а без разум.

859. Не мојш со пари да купуаш ни ум ни разум.

860. Јунаство со ум, не со сила.

861. Умен цел живот учи за да биди поумен.

862. Ако нема мака по наука, нема ни ум со пари.

863. Паметнио никоаш не вели дека је секоаш паметен. Секоаш го вели тоа глупавио.

864. Кој има свој ум, радо слуша туѓ.

865. Не забораај оти голем ум има многу или нема ич пријатели.

866. Памето учи наеднаш многу нешта и при то веруа во едно нешто. Будалио, пак, учи едно нешто и мисли оти во истовреме научува многу нешта. 

867. Паметен си ако совреме узнајш со кого си имаш работа.

868. Умо је ум без оглед на годињето.

869. Ем среќен ем спокоен паметен.

870. Памето на пазар не се купуа.

871. Секое добро дело е со умност, труд, замисла и зборој.

872. Слеп при ум и при очи.

873. Чоек со слаба памет  не можи без јак грб.

874. Капата за глаа и со ум и без ум.

875. На паметнио ништо не му треба многу. Сè му је доста.

876. Ништо не му фали на чоек кој има памет.

877. Измери си го зборо пред да го речиш. За да ти се памети и да го кажуваат ко да је нивен.

878. Грми, бре чоеку! И дома и надвор!

879. Судската власт е трета власт кај нас?! Поданичка, велепредавничка, мафијашка! Ех, моја Македонијо!

880. Шо?! Не знајш али си заборајл шо је то чоек?!
Очоечи се, чоеку, дур` си уште чоек!

881. Сал со љубов се победуа сè? Да! Е па, ај да почниме да победуаме, љубов.

882. Бегаш шо подалеку застрашен и немоќен. Не бидуа од нас со такви ко тебе.

883. Се вадиш оти не смејш против мафијашите и партиските лигуши надвор од законите, а за ними они не важат.

884. Нит`се чуло, нит` се видело народна властг да се договара со неразбрани трговци кои берзмилосно го крадат народо.

885. Разбираш шо ти зборам, ама се прајш наудрен и ко никој ништо да не ти можи.

886. Не спиеш, народе мој, ама не се освестуеш.

887. Никако да исчистиш пред твојо праг, а саде се жалиш и плачиш оти је сè нечисто околу тебе.

888. Научи да не го браниш она шо не можи да се одбрани.

889. Не ми се јавуваш, љубов, ни за да се слушниме.

890. Нема сила зборо ко збор, но ја има во себе зборо наместо.

891. Пари за љубов не се даваат. Се знае кој је ќар, а кој зијан при давање пари.

892. Се знај кој је крадачо над крадачите меѓу македонските предавници. И баш го заболе за то.

893. Во сè има некој над сè.

894. Мора, значи веќе не се поднесуа и не се издржуа. А власта се однесуа ко баш да не мора.

895. Големи промени на сцена, уште поголеми зад неа.

896. Нека те има кога никој не ни помислуа на тебе. За то ич да не бериш гајле.

897. Живото им виси на конец на живи кукли.

898. Значеле и значат, па зато никој не треба да ги заборај.

899. Крадачите на народни пари мора скоро да ги стигни казна. За секоја крадачка.

900. Во свето сме само ако је свето наш.

901. Ви избегаа зато шо ги пуштивте пред да морате да ги затворите во зандани.

902. Шо се прај кога не оди? Се прај сè шо се знај и умеј дур` не заоди.

903. Разграничи ги љубовта и сексо, па ќе ја разбериш вредноста на љубовта.

904. Дом кај сум сега? Сега сум до утре, а близу сум до задутре.

905. Немало ништо меѓу нас и зато немаме ништо наше.

906. Ме слушаш, ама не заушуваш.

907. Белки не ти је сеедно кога ќе помислиш на мене.

908. Оди си по пато и не прашај за мојо.

909. Ни срам ни перде оти си во политикантска и апашка партија!

910. Кој не совреме, за него невреме

911. Со народо на прав пат.

912. Се крои и ќе се скрои ново, за скоро да не се кини и крпи ко грешно сошиено.

913. Ја ќе биди ко шо не можи да биди инаку, ја па ќе ни го загорчат животецо до пеплосуање.

914. Мои пари за тебе за да бидиш со мене. Имало наши, ама веќе нема.

915. Досега вака, отсега мисли му ја како.

916. Он ги наполни дисаѓите со азно украдено од народо, а вас кои му помагавте во крадбата ве остај со прсто в уста.

917. Во едно уво ти влегуа, од друго ти излегуа? Така је ко ти је празна црпката.

918. Муви навалиле на партиски лепешки за утре да се доберат до власт.

919. Скокаш ко прле пред магаре кое сака шо појќе прлиња пред себеси.

920. Дамна било шо било, ама не је за забораање.

921. По сите борби и премрежиња во живото, радуј се шо си уште жив и стоиш на нозе.

922. Најсетне ја во паметење, ја во заборав.

923. Ни било пишано да остани од нас недопишано.

924. Не сакам ништо не оти имам сè, ами оти било кога ми требало.

925. Не гледајте и не слушајте забегани политиканти. Можи да ви се скинат нервите, па да напрајте некоја беља.

926. Народо не ги есапи за живи, а они никако да испливаат од матната.

927. Уште не си научил совреме да видиш и разбериш на кои им се стемнуа, а на кои им се разденуа?!

928. Претате во кал од шо не најдуате пат до чистина.

929. Откога не сте на власт ни за мајтап не сте.

930. Се редат нешта кои мора да се наредени за да бидат нешта.

931. А бе чоек, бори се за да бидиш саглам чоек.

932. Сè и сите на виделина за појќе да не можи ништо да се сокрие.

933. Шо он утре? Ништо утре, ако не знај шо денес.

934. Нема веќе играчки и пљачки? Белки нема и ќе нема.

935. Покажи шо знајш и колку умејш, па шо сака нека биди.

936. Со љубов се брани чоек дур` го има.

937. Слушај шо се збори, а не шо ти сакаш али не сакаш да слушниш.

938. Биди мртов ладен и ќе напрајш голема кариера.

939. Ја можам, ама проблемо је шо никој не можи ко мене.

940. Со мене можи далеку да стигните, а без мене богами тешко.

941. Е, баш ми је гајле до утре сабајле. За до задутре ќе видиме.

942. Па шо оти не ти се сите кози на број? Важни ти се јарците, поготово прчојте.

943. Врти, сучи, најсетне политичарите на власт стануаат политиканти. Кој нема да стани, ќе падни.

944. Не нè догледуаат ако не сме им пред очи.

945. Не бе, не си патиме ние од јазико, ами од оние без ум шо ни се качиле на глајте.

946. Не можиш ко никој шо не можи ко тебе.

947. Глеј си работа и не остаај да те работаат.

948. Чим је добро, варди го да не стани лошо.

949. Би било убоо да ни је убоо.

950. Кој последен се смеј, горчина му собрала душата.

951. Очевидно, за живи срамој се оние кои за до вчера на народо му натуруваа власт со толку забегани и недоветни.

952. Наместо да удриш со сета сила, ти ко да си легнуаш на брашно. Ко да заборааш оти мелницата одамна нема шо да меле.

953. Докажи дека си решен ем решителен или тргај се од пато.

954. До вчера го крадевте и испокрадовте народо, а денес се препраате дека не сте биле тие шо бевте.

955. Ја не сум ко вие за да бидам со вас.

956. Пропаднатио најпојќе го боли кога пропаѓа.

957. Ти вади од контексто чавка за да дрдори глупости.

958. Носите валкани алишта оти нема кој да ви ги соблечи.

959. Вака ни је ко шо ни је оти сетики дозволуаме да нè крадат крадачи со тапии.

960. Сонце ти ја озарило личотијата.

961. Со празноглај нема нигде да стасаш.

962. Лујѓе, соземете се и почните умно ем разумно.

963. Тешко вам ако уште бидуате шо бевте.

964. Не можам да разберам како можиш да бидиш до толку недоветен денес за утре.

965. Прашај се за шо те плаќа народо, та одговори си дали си го заслужил то од него.

966. Кој ви је крив шо избравте да ве водат криво насадени?

967. Свето денес за утре:
Доста политика и бизнис. Отсега политика за бизнис.

968. Мора да биди скроено по мера за брго да не се крпи.

969. Врти пари оти ем се врти ем го вртат.

970. Без љубов ништо од тебе и нигде со тебе.

971. Ја некако, ја за никаде.

972. Се мачиш докрај, а одамна си узнал оти живото је мака до смрт.

973. Страховладеач се прај политичар за да го држи во страв народо, а згора је безогледен лажго.

974. Во љубов безмерна еднакви спокојо и возбудата.

975. Мир и слобода секоаш за достојна живеачка.

976. Доста је да можам да го праам она шо едино го знам и го умеам.

977. Оние шо биле со свое и на свое, најрадо би сакале да бидат ко нив оние шо идат по нив.

978. Брза времево, а тебе не ти се брза да се мениш во него.

979. Не је исто ко шо било со тебе, ама мора да биди и без тебе.

980. Ја и ти едно ко ниедно.

981. Сал прв кога зависи сал од мене.

982. Ти не можиш да домислиш уште колку ја можам далеку од ова и одовде.

983. За мене веќе нема до кога. Има до кога било.

984. Не је прашање како слаб меѓу силни. Прашање је со кои силни слаб.

985. Ако веќе не почнала, тогај почнува во свето нова делба на мали меѓу големи.

986. На чоек не му треба негоото вчера, ама му је бадијала денес ако во него нема понешто за утре.

987. -Шо прајш?
-Праам нешто за ништо.

988. Доста се будалите, вие на власт до вчера. Му боктисавте на народо.

989. Не ви требаат маски за криење. Сами се откривате со неделата шо ги сторивте.

990. Биди здрава и жива, љубима. Ако ме заборај.

991. Ја како? Некако до никако.

992. И ние ќе дојдиме на ред. То неизоставно.

993. Просто је за разбирање, ама ти је наредено да не разбираш.

994. Нека ти догледуаат и согледуаат очите најдалеку шо можат.

995. Како можи да ти се допаѓа груба стварност?!

996. Денес за утре со ука, ум, разум и опитност.

997. Сè на виделина и чистина за народо да ти веруа.

998. На сцена војна, а зад кулисите прекројување на свето за мир.

999. Ќе нè биде ако сме шо сме.

1.000. Годиње за напред, сетне годиње во место и за назад, а најсетне колку да се нека се до крајо.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV