Бидува, 51-55

Бидува

51. Осарници

Сè повеќе осарници пред тебе
за борба пред конечен пораз.

52. Дојденци

Дошле некои од којзнае каде
во сè уште жива и плодна земја.

53. Подлизурко

Граби напред подлизурко,
пред луѓе достојни и со дела.

54. Ведрост

Еве уште една нова
ведрост од вредност.

55. Има доблест

Очигледно има доблест
да предводи доблесни.   

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.