Бидува, 46-50

Бидува

46. Жена

Со молк брани љубов
жена без љубов, сама.

47. Ветар

Дали за здравје е ветров жив
што дува без престан низ луѓе?

48. Шега

Му велат да полета конечно,
а тој бара да му дадат крилја.

49. Млад човек  

Гледа со широко отворени очи
во пепелиште по огнени кругови.

50. Нечии коски

Невреме растурило нечии коски
низ пустина безгласна и сура.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.