Сомнеж-Скептицизам

Тивки клокоти

Се сомневам дека далеку ќе стасаат оние што од петни жили се трудат да ме имаат под себе, од страв да не се најдам над нив. Особено оти гледам како жив страв ги јаде да не излезам пред нив каков што сум: со чист образ и високо кренато чело.

Уште ме држи сомнежот дека ќе продолжам, а да не стасам на мојот крај. И дека некој друг ќе почнува одново од него.

Скептичен сум дека ќе се направи добро она што се мора без да се сака. Исто така во направено колку да се задоволи наметнато.

Скептичен сум дека утре ќе биде ако денес не е.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 113

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.