Добродетел-Доброчинителство-Дарежливост

Тивки клокоти

Добродетелството и доброчинителството односно дарежливоста се секогаш во каузална врска, но се остваруваат и самостојно во зависност од околностите. Трите, слични а не исти, го докажуваат и затврдуваат човечкото во човекот. Уште ако се има предвид нивната „блискост“ со доблеста, алтруизмот, па и богатството на духот, воопшто не е случајно дека во сите времиња заедно и одделно се промислуваат според своето суштествено опстојување и својата постојаност. 

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 108

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.