Докажан творец

Навнатре и однатре

Му велам на Војдан, мој пријател уште од детски дни, покажувајќи на човек неколку чекори пред нас (човекот подгрбавен, облечен во црно палто до под колена и црни пантолони; на нозете длабоки црни чевли, а на главата црна паларија):

-Човевкон е  наш голем творец.

Тој низ смеа:

-Кој му е крив што е?

Јас крајно сериозен:

-Дека е голем творец или дека е наш?

Тој ме загледува и ми одговара сериозно:

-Мислам и на едното и на другото…Види! Кај нас владеат мали, инфериорни, фрустрирани, недокажани и некадарни луѓе. Кои не можат да си дозволат голем да се замеша во нив или да се издели макар чекор пред нив. Големиот, пак, свесен за својата големина, не си дозволува ни да му се доближи некој од овие што ти ги наредив и сличните на нив. Со право, се разбира. Па или се повлекува во својот творечки свет или бега негде во светот, кај што лесно и брзо ќе го препознаат и ќе го величат како голем. А откако ние ќе чуеме и разбереме за него, се чудиме како тоа совреме да не го откриеме.

Прочитај и за ... >>  Така зборуваше

Му велам на Војдан:

-Ти велам дека е човекон наш голем творец, а ти ми кажуваш секому познати нешта. Ете затоа сме никаде и за никаде.

Тој молчи некое време, па ме прашува несигурно:

-А што е со неговото творештво?

Му одговарам подналутено:

-Ништо!

Творецот веќе беше далеку од нас.

НАВНАТРЕ И ОДНАТРЕ, раскази/ескизи, 29

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.