Бидува, 41-45

Бидува

41. Во подножје

Стаса во подножје на планина,
па да здивне пред искачување.

42. Јадачка

Запали оган да зготви јадачка
од корени, семиња, вода и земја.

43. Натаму

Продолжи натаму, човеку,
сè до твоја тишина за почин.

44. Жени во црнина

Се собрале жени во црнина
за тажачка по смрт на љубов.

45. Случајно

Те здогледав далеку,
бессилен за кон тебе.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.