Бидува, 36-40

Бидува

36. Лузни на твоето тело

Кој ли ти оставил длабоки лузни
на телото што го криеш од сонце?

37.  Во соништа

Од јава во моите соништа
ти неугаслив оган до небо.

38. Во некоја празнина

Не ја познавам празнинава
која ме умира долго жив.

39. По преживеано

И последен чекор
со исправено тело.

40. Замислено

Он сам или со тебе
на невидлив хоризонт.

БИДУВА, поезија/двостишија  

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.