Бидува, 31-35

Бидува

31. Година

Колку треба да трае година
дури надоаѓа успокоен бран?

32. Месечина

Меѓу облаци довикува
нема бела месечина.

33. Ладна ноќ

Една ноќ во песна
бескрвна, страдална.

34. Огниште

Штотуку запалив оган
во запустено огниште.

35. Живи

Два гласа и два знака
на брег на пенлива река.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.