Историјата

Тивки клокоти

Историјата нè учи на сè и сешто, а најмногу на она што било за да биде или да не биде. Таа не се повторува, туку во важни, особено пресвртни моменти бара повторување на сè во неа. За откако ќе се случат, пак да не станат ништожни и фрлени на нејзиното буниште.

Историјата не се пишува. Пишувањето во неа зависи од личната и колективната меморија, значи сведоштво или доказен исказ. Историјата се создава и се докажува со артефакти, неизбришливи траги и сочувани документи. Да, и паметење. Пред сè паметење.

Во суштина, историјата е само потврда на континуитетот на постоењето во простор и време.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 96

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.