Совест

Тивки клокоти

Нужно е најнапред да се осознае сушноста на совеста, а потоа да се научи разликата помеѓу чистата и нечистата.

Да, таа ја одредува посебноста на свеста на човекот. Но, колку е во неа содржана и откриена за препознавање на неговата индивидуалност? Таа е индивидуална, а не колективна, но како дејствува во интерес на заедништвото?

Голем мудрец е човек што ја следи својата совест.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 95

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.