Народски изреки IV, 304-388

Потребно време за читање: 4 минути

304. Секој своја борба, ама и наша.

305. Сè на виделина за правдина.

306. Бегаш али се криеш со стравој и секирации.

307. Чесен, а беден живот за чоек, богат а нечесен за неранимајко.

308. Еден ко ниеден друг во живото шо бил и је негов, а и во живото по негојо.

309. Страво толку те разболе, шо наскоро можи и да умриш од него.

310. На старо аро не мојт допрва да му дојди негоо време. Сето је негоо.

311. Нема кој да ти ги изброј греојте, а камо ли да ти прости макар еден.

312. Никој предавник сам ни се покајува ни се предаа. Поготово ако је платен да биди.

313. Само ми је малу жал шо и дома и надвор малкумина ме знаат ко творец на најмногу мисли и дела на свето. Ништо друго.

314. Слеп при очи и глув при уши је чоек со слугински ум.

315. Огон ќе го изгори оној шо си игра со огон против народо и негоата држава.

316. Бесрамие је да се бориш шо побрго да се вратиш на власт за пак да го крадиш народо.

317. Ако одиш саде право, брго ќе се најдиш во криво.

318. Појќе прашуаш оти не знајш али прашуаш за да си докажиш оти знајш? То најмногу зависи од кај си и за шо си.

319. Ти ги сечат крилјата за да не продолжуаш да леташ ко шо си летал досега.

320. Своја игра можиш да си играш саде дома и со себеси. Поготово ако работата не је за играјње.

321. И по многу години угаснат огон на љубовта можи да пламни.

322. Врти, сучи, ако је прао ќе излези по негоо.

323. Пресметај се до кај дотера со пресметуањето.

324. Ти прошло времето, а ти се однесуаш ко да ќе ти дојди допрва. Знајш оти по тебе нема да остани ништо од тебе.

325. Качи се на врв планина, па не чекај други по тебе да се качат. Земи здив и почни да искачуаш друга.

326. Богатници политиканти и политичари за народ шо едвај врзуа крај со крај.

327. Никако да се обградиш со поумни и поучени од тебе. Брго ќе те избркаат шо подалеку од ними.

328. Кажи како и колку, а ја ќе ти кажам до кога со тебе.

329. Убав је чоек со убај лујѓе.

330. Не ти вреди ништо шо прајш сал за себе.

331. Најпојќе се радуам кога се будам и се испраам на свои ноѕе.

332. И кај нас и во свето со прсти од една рака можат да се избројат чесните богатници.

333. Многу је жално, страдално и срамно кога на стар чоек никој не ни помислуа.

334. Се прибираат, се збираат и се спогодуаат лујѓе наместо за како појќе да не стојат во место.

335. Не ја барај својта љубима штом не знајш ни дал помислуа на тебе.

336. Ништо не ти вреди богаството шо го имаш сал за себе.

337. -Кај си бе ти? Нигде те нема!
-Оти да ме има?!

338. Кој уште жив, кој веќе мртов бил со тебе и твојто време. Оној шо не је, не ни бил.

339. Не жалам по шо било-поминало. Жалам по трагите во мене шо ги оставило.

340. Сум стојал и си стојам со крената глава на ветрометина.

341. Нит` барам, нит` ми треба нешто од вас, зломисленици.

342. Недоживеано-едвај преживеано.

343. Беше своја и ќе останиш своја со мене али без мене.

344. Не вели готоо дури не је готоо. Можи од готоо вересија.

345. Не играјте си со трпежо на народо. Ќе ви биди од играчка плачка.

346. Чисто апашиште како солза?!

347. Кој од богат, та пребогат прекуноќ до гол и бос прекуден? Мафијашки политикант.

348. Ничиј и со никого оти никому не му је требен.

349. Ве пуштија низ вода оти ептен ја замативте.

350. Права љубов је во која нема кој појќе, кој помалце.

351. Заошто да се сопирам кога никој и ништо не можи да ме сопри?

352. Ја не познаам чоек кај нас шо се наполнил со пари само благодарејќи на сопственио ум и својте десет прсти.

353. Ми фали чоек кому ништо не му фали.

354. Жена и маж цел живот заедно, а секој ден сè подалечни еден од друг.

355. Од лошо полошо:
Не се виѓаваме, не се среќаваме, очи не си гледаме-се заборааме.

356. А бре лујѓе, онемевме од саде гледајње, слушајње и читнуајње.

357. Во свој затворен круг чоек тешко преживуа.

358. Нè има појќе кога сме заедно, отколку шо сме кога не сме.

359. Сал за себе ако си во самост.

360. Пустелија од тебе, зад тебе и пред тебе. Тебе во неа те нема.

361. Не чини времево за тебе оти ти не чиниш.

362. Не разбираат за да не се разбираат.

363. И шо оти нигде те нема штом никој не те бара?

364. Ги фрли во зандани и се изнаживеа во слобода!

365. Мојте зборој спроти твојо молк.

366. настрана си оти нејќиш да заземиш страна.

367. Поверуа ли во лага, веќе не си за вистина.

368. Наместо шо помали, од големи до најголеми стари ем нови гајлиња на стари години.

369. Умноста ништо не вреди среде глупости и недоветности.

370. Времето натежнува кога је исто али повторливо.

371. Да те има дур` те нема је само утешително.

372. Си збориш гласно за никој да не те чуе. Од страв да не те снајде зло.

373. Можи да биди од тебе сè дур` те бидуа.

374. Голем је народо шо си ги велича својте големи творци.

375. Сал со вредности мал народ и поголем од голем.

376. Староста не можи да биди убаа, ами достојна. Исто не лесна, ама гледана.

377. Доста ми је шо знам дека си добро.

378. Кога и да биди, ќе биди доста беше.

379. Да те гледам дур` ми гледаат очиве.

380. Стар бел дедо на ветар си збори.

381. Чарето се знај и не је со сакајње али несакајње.

382. Не можиш да бидиш со нас ако ти је огништево туѓо.

383. Аздисуаш кога ќе ти се дајт премногу.

384. Не се попраа оној шо се научил саде да расипуа.

385. Раскарај за да завладејш со раскарани.

386. Ви ги заробиле умојте, та можат да ви праат шо наумиле.

387. Била љубов ко шо не била.

388. Ич не жалам шо умрев за тебе.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV