Коски

Потребно време за читање: < 1 минута

ВЕКОВИ РАСФРЛАЛЕ КОСКИ ВО ПРЕДЕЛ НА СОНЦЕ И ВЕТРИШТА ДЕЊЕ, НА МЕСЕЧИНА, ЅВЕЗДИ И СЕНИШНА ТИШИНА НОЌЕ. НЕКОИ НАСМЕАНИ, НЕКОИ ТАЖНИ, НЕКОИ СПОКОЈНИ, НЕКОИ ЗАМИСЛЕНИ, А НЕКОИ КАКО МИГУМ ЗАПРЕПАСТЕНИ. СИТЕ ДОВОЛНО ОДДАЛЕЧЕНИ ЕДНИ ОД ДРУГИ ЗА ДА НЕМААТ НИШТО ЗАЕДНИЧКО МЕЃУ СЕБЕ ИЛИ ДА НЕ СЕ ЗАГРОЗУВААТ ЕДНИ СО ДРУГИ.

ВО ЕДНА ДЛАБИНА ВО ПОДНОЖЈЕ НА ПЛАНИНА ЛЕГНАЛ ЦЕЛ ЧОВЕЧКИ СКЕЛЕТ. ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ДО НЕГО ИЛИ НЕ СТАСАЛ НЕКОЈ ВЕТАР ИЛИ, ПАК, НЕКОЈ УСПЕАЛ СКРИШНО ДА ДОЈДЕ ДО НЕГО НО ВЕЌЕ ИЗГУБИЛ СИЛИ ЗА ДА ГО РАСТУРИ, ДА МУ ГИ РАСФРЛА КОСКИТЕ НА СИТЕ СТРАНИ НА ДЛАБИНАТА. БАРЕМ САМО ДА ГО ИЗДВОИ ЧЕРЕПОТ ОД ТЕЛОТО ИЛИ РАЦЕТЕ, НОЗЕТЕ, ГРАДИТЕ. БАРЕМ САМО ЕДНА КЛУЧНА КОСКА ДА ОТТРГНЕ И ДА ЈА ФРЛИ ШТО ПОДАЛЕКУ. ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ВЕКОВИТЕ ВО ДЛАБИНАТА НЕ СЕ ИСТИ КАКО НА ЖИВИОТ ИЛИ МРТВИОТ СВЕТ. МОЖЕБИ ТРААТ ПОДОЛГО, МОЖЕБИ СЕ ПРЕСТОРИЛЕ ВО МИЛЕНИУМИ.

ОДВРЕМЕ-НАВРЕМЕ НАДОАЃААТ НЕКОИ НЕЈАЗНИ ЗВУЦИ И НЕПОЗНАТИ ГЛАСОВИ СОБРАНИ ВО ТАЖАЧКИ ПЕСНИ. ТОГАШ КОСКИТЕ МИГУМ СЕ БУДАТ, СЕ ЗБИРААТ ВО КРУГ И ПОЧНУВААТ ДА ИГРААТ ПЕЕЈЌИ.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 42