КАКО БИЛО, 21-30

Потребно време за читање: < 1 минута

21. Крива река

Искривила река свое корито
бегајќи од вик на валкани луѓе.

22. Во толпа еден

Сал еден во толпа
со громовит глас.

23. Болештини

Навасуваат доблесен човек
болештини за блиска смрт.

24. Крајпатни гробови

Некои гробови на живи и мртви,
тргнати на пат што не оди нигде.  

25. Два брега

Еден спроти друг два брега,
испустени од војски крвни.

26. На виделина

Пред очи му е сè,
а ништо не догледува.

27. Светулка

Светулка си осветлува лет
над непрегледна мрачна бездна.

28. Пладне

Пладне за двајца
заедно до самрак.

29. Во црнина

Две жени во црнина, исправени
пред паметник на знаен јунак.

30. Сивота Ден по ден, ноќ по ноќ
тонат луѓе во сивота.

БИДУВА, Како било, двостишија (песни во два стиха)