Мудрост-Мудрец 

Тивки клокоти

О, Мудрост, ти што ја оставаш глупоста да живурка и не се обидуваш да ја замолчиш за сите времиња, туку само ја безнадежуваш. Ја познаваш и ја препознаваш за никогаш предоцна да не ја дознаваш.

О, Мудрост, ти што му се радуваш на сушноста на сечиј живот оти знаеш колку вреди да бидеш она што си додека си. И го разбираш опстанокот во време што го запира, па го продолжува чекорот само кон догледна цел.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 88

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.