Незнаење-Неукост

Тивки клокоти

Од сите со нас и околу нас најлоши, најнеподносливи, најнепријатни, најнепријателски, а пред сè најинфериорни се незналиците. Затоа што не знаат а како да знаат сè. Не им се докажува незнаењето, на знаењето му се спротивставуваат и пред него се агресивни-прават сè со сила, притоа не мислејќи на последиците.

Да, оние што знаат колку не знаат од сè се други. Не само што се трудат да дознаат, да разберат, да научат, туку секогаш  го препознаваат и признаваат поголемото од помалото знаење. Знаат колку и какви сè зла нанесува незнаењето, па се трудат да го совладаат, да го поразат секаде и секогаш. 

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 85

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.