Вера-Вероисповед-Религија-Безверие-Атеизам

Потребно време за читање: < 1 минута

Веруваш во Бога ако е Бог во тебе. Веруваш во себе создавајќи ако гледаш, согледуваш, мислиш и промислуваш. Исто како што правел Бог кога го создавал светот и го прави за да го одржи сосе неговата рамнотежа.

Верувам во Бога и верувам во себе.

Вероисповедта односно религијата е лична, може и колективна определба, едновремено во блиска и далечна врска со верата. Нејзин израз, нејзина манифестација. Тие се едновремени? Не. Секогаш верата е пред вероисповедта.

А безверието односно атеизмот? Безверието не е неверување на и во ништо, особено не на и во постоењето на светот и човекот во него, туку најпрвин религиска неприпадност, а потоа предимство на материјалното над духовното.

Атеистот верува во себе, но не верува во постоењето на Бога? Тоа е недозволива симплификација. Затоа што и тој, меѓу другото, е човек кој верува во животот и неговата постојаност.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 83