-Досега никогаш не сум те видел да тажиш толку. Да погаѓам за што?
-Не треба да погаѓаш. Знаеш…Тажам за љубов, една и единствена.
-Која завршила, престанала, угаснала, умрела, исчезнала?
-Сè тоа, а над сè никогаш во заборав.
-Што се случило со неа?
-Со неа кажа ти, а со мене по неа…Само самост, осама, бавно венеење до смрт…Во меѓувреме исто како умрен по неа.
-Рече дека ти била една и единствена. Според што сосем изделена од другите?
-Дека беше само моја и непорочна.
-Денес нема таква.
-Да, но имаше…Беше таа…по која тажам…Ја воспевам во немост.
-Можеш така?
-Не можам инаку.
-Дека ти била и ти останува таена?
-Најмногу затоа.
-Не сакам да те изгубам од тажење.
-И нема…Само ми треба време…Додека не пронајдам свое време без неа.
ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 68