Минливост

Тивки клокоти

Треба ли да нè загрижува нашата минливост или, пак, да ја прифатиме како дел од времето во кое опстојуваме, притоа без обид да бидеме во еден миг дел од некое друго-нечие?

А можно ли е барем во битка со свое дело или со свое дејание да ја поразиме, кога веќе прифаќаме дека војната со неа е однапред изгубена?

Конечно: што значи да се биде и да се остане во минливоста, а други да те забележат, да те откријат, запознаат, прочитаат, научат?

За сите прашања само еден одговор:

На почетокот на минливоста е Зборот, а на нејзиниот крај отсекогаш бил и секогаш ќе биде само Молкот. Сосе рамнодушноста во нив.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 72

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.