56. Милосрдие-Милостиња
Милостиња навистина дава оној што дава од срце и со срце кое сака. Навистина е милосрден оној, кој со секого разговара од срце, а не со умот или усните, кој на секого му покажува почит, кој го проповеда словото Божјо и служи со искрено срце и нелицемерно. Со други зборови, оној што е во состојба во своето срце секого да прегрне и да го понесе со својата љубов, презирајќи сè што е материјално, што се пројавува како пречка за љубовта меѓу него и ближниот. Таквиот е навистина милостив.