ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 166-170

166. Без изненади

Секој ден ништо не се случува.

167. Во пробив

Слободна мисла во пробив низ мрак.

168. Се стремам

Веќе не над висини. Кон длабини.

169. Премолчено

Заборави што не било. Нека биде.

170. Ти недостижна

Чекориш пред мене, а јас во место.

За авторот: Горан Димитровски

Основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигитален маркетинг и визуелни комуникации. Специјализиран е за креирање ефикасни дигитални стратегии, проектен менаџмент и дигитализација на процеси во мали и средни компании.

За повеќе написи од авторот кликни тука.