Потребно време за читање: 6 минути

247. За кого пишувам мислечки и книжевни дела? За себе и за оние што читаат на Интернет.

248. Не можете само да кажувате дека претходната власт го оставила буџетот „прилично“ испразнет. Народот има право да знае колку!

249. Лицемерие:
Не колективна, туку лична одговорност? Добро. Тогаш, кажете кој од вас е лично одговорен за 2% доверба на народот.

250. Исчезнат творец на грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот! Исто како да е жив, исто како да е мртов!

251. Создавам дела само за мене?! Тоа е напросто невозможно!

252. Стар бел дедо:
Да дозволам да ми се оддаде признание и да ми се додели награда? Зошто да дозволам?!

253. Надеж:
Моето дело ќе живее по мене, во за мене некое неважно време.

254. Јас како мислител и творец нема што да правам со моето огромно создадено творештво. Сеедно оти не знам или не можам.

255. Он никој со дело. Што не е ништо без него.

256. Бизнисот сосем зависи од политиката кога лидери во политиката се квазибиснисмени и мафијаши.

257. Меѓу итри и будали наивни и понизни.

258. Штом не си во ред-ќе дојдеш на ред.

259. Слепец им верува слепо на слепци.

260. Достојноста во чекор со доследноста.

261. Сработува беспрекорно оној што работи за други како за себе.

262. Смртта се ближи бавно и молчаливо. А надоаѓа брзо и громко.

263. И еве го времето на стар бел дедо во кое он мора сè повеќе да одмора молчејќи. До конечно замолчување.

264. Многу е просто:
За нив не постојам како творечка и мислечка личност, а за нив не постои ни моето дело. Зашто тие не постојат.

265. Околу него јадници, а он силник.

266. Карванот одамна помина-замина, а кучињата уште лаат.

267. Властољупци, апашишта, подлизурковци, слуги покорни, предавници, велепредавници, злостори, пакосници, ништожници…Море марш!

268. За моето исчезнување и моето дело во заборав ни збор!

269. Лажната и крадената историја создаваат митови.

270. Доста од вас, лигуши!

271. По многу премислување, конечно решавам:
Моето дело не било, не е и нема да биде на продажба. Нека исчезне со мене.

272. Бавно исчезнување меѓу тишина и празнотија.

273. Што било меѓу нас и во нас-многу било.

274. Нема искрен меѓу нечесни. Како што нема искрено нечесен меѓу чесни.

275. Зависноста на што било од кого било е секогаш мерлива.

276. Може самостојна држава во свет на зависни? Може со сплотеност и заедништво на силите во неа.

277. Мене ми е сосем неважно кој е на власт, ако тој на власт не се ни обидува да владее со мене, туку работи за подобро денес и утре на сите.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII, 1-134

278. Што создадов создадов, и ми е сосем неважно дали тоа нешто значи.

279. Најпрвин мир и спокој во време по невреме.

280. Преживувам-значи не живеам.

281. Секако си убава и не каква што ми беше.

282. Ги сакам оние што ме сакаат и оние што се сакаат.

283. Предупредување:
Од ден на ден недовербата и разочарувањето на народот сè поголеми! Надежта во него забрзано гасне!

284. Предавниците на народот и државата ќе бидат казнети кога-тогаш? Не сега?!

285. Се борите против криминалот, корупцијата и мафијашките политиканти? Како ? Досегашни резултати?

286. Јас не постојам како мислечка и книжевна личност?! Дека сум од Македонија која веќе не постои!?

287. Сè помалку добра и од актуелните градоначалници! Чест на исклучоците.

288. Според сценариото на кројачите на светот, Македонија и македонскиот народ се збришани?!

289. „Доста ми е од сè!“, извика и ѝ се предаде на голата егзистенција.

290. Зависи од нас? Не! Зависи од зависните кои прават сè за да нè направат зависни од нив.

291. Владеам со себе и не сакам да владеам ни со друг ни со други.

292. Во борба? Која борба?! Нема борба!

293. Народот се прашува? Како да не!

294. Можеби сум важен дека сум еден и единствен.

295. Што ли следи по горењето на македонската земја во лето?!

296. Ведрина на духот при равенство меѓу личното и заедничкото време.

297. Не нескромност, туку самосвест:
МАНУ со ништо и за ништо не заслужи да станам нејзин член.

298. Пред крај, а крајот неизвесен.

299. Зарем јас да ти докажувам дека ми е големо делото?!

300. Дали се прашуваш како можеш без мене?

301. Чувствувам како годините ме навасуваат.

302. Многу повеќе и почесто прашалник и извичник, а многу помалку и поретко извичник.

303. Се збори сè погласно зашто почна под нозе да гори.

304. Овде сум во лошо за добро.

305. За граѓани, а не за народ?!

306. Тие ме заборавија, а јас нив не.

307. Партиите не сплотуваат. Тие или се власт или се борат за власт. Тоа е сè, народе на оваа држава и граѓани на ова општество.

308. Ја тераш водата на своја воденица, а таа веќе нема сила за неа.

309. Љубовта му полета и-одлета.

310. Беше и е добар човек.

311.-Што се случува?
-Никому ништо!

312. Некогаш те познавав, но одамна не те познавам.

313. Ми го следат чекорот зашто сум секогаш чекор понапред од нив.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 135-246

314. Безначајно постоење:
Ни вчера ни утре во денес.

315. Нема чист воздух за да дишеш здраво, а со загаден се труеш, те трујат, се убиваш и те убиваат.

316. Прашај си го мозокот дали умува или се глупира. И дозволи му да ти одговори.

317.-Што сакаш уште од мене?
-Не знам.

318. На свој пат на полпат.

319. Те мислат и ако не мислиш на оние што мислат на себеси со зломисла за тебе.

320. Неуморен оти има време во кое знае да одмори.

321. Блиска е целта? Секоја и секогаш.

322. Снеможеноста во староста иде од трошењето на младоста.

323. Сам со себе-значи не си сам.

324. Нема доцна и предоцна зашто било совреме.

325. Се израдував кога прочитав за тебе од тебе дека си надвладеала многу премрежиња без мене.

326. Ниту минало, ниту ќе мине од љубов.

327. Не барај ме штом те немам.

328. Неговото однесување е неподносливо, а го поднесуваат за да останат заедно.

329. Му се слуша зборот, но не му се дослушува.

330. Со особено задоволство истакнувам дека не сум член на ниедна книжевно-научна организација или институција, ниту сум добитник на каква-годе награда за моето мислечко, книжевно и научно творештво.

331. Јас тебе те заслужив со искреност и со непорочна-возвишена љубов. Но, ти мене не.

332. Селанец-со гордост.
Сељак-простак, недоделкан, лигуш, „со опинок во глава“, политикант.

333. Кој ќе се јунак-државник изнајде што ќе ги прогласи за ништовни Договорот за (не)доброседство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција!?

334.-Како здравјето?
-Уште го крпам некако.

335. Кога би знаел-би знаел.

336. Неизмерен е поразот од рамнодушноста.

337. Крадеа, крадат и ќе крадат од народот дури не им се одземе испокраденото.

338. Најпрвин никако било што било и е како што е.

339. Попрво од сè друго:
Извршната власт мора да поведе жестока и бескомпромисна борба против корумпираната и партизирана судска власт.

340. Ти си убава колку што сум убав јас!

341. Не споделувам со никого за мене тежок ден.

342. Има нешта во животот што ни се случуваат и незнајно и ненадејно.

343. Смирноста меѓу луѓето мора да биде изразена кога се едни спроти други, а поготово кога се едни против други.

344. Не може само љубов и ништо друго.

345. Секако не исти, но за жал слични со оние пред нив. Стокмени како такви однадвор и однатре.

346. Нема ќе биде кога што имало ќе биде поразено од што било.

347. Нов чекор напред како прв. Најтежок.

348.-Добро е?
-Ма ништо не ми е. Ми беше мигум.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII, 1-134

349. Белки ќе те поздравам за последен пат, љубов.

350. Сите мои незавршени дела-завршени какви што се.

351. На крајот не е крај зашто никогаш нема крај!?

352. Во себе исто како надвор од себе.

353. Може никој да не знае? Може, ама многу тешко.

354. Излитени зборови? Подобро без нив, во молк.

355. Почеток:
Отсега друго сосе поинаку. За живот со смисла, содржина и ново време.

356. Близоста на далечина:
Се читаме, се слушаме и се гледаме-колку што си дозволуваме.

357. Речено сè:
-Дали си во состојба?
-Сум.

358. Секогаш со причина. Дури и без повод.

359. Културна дипломатија со некултурен сосед-непријател?!…А кога ќе го поништиме Договорот за (не)добрососедство со Бугарија?

360. Треба време за да се поништи Преспанскиот договор меѓу Грција и „втората страна“? Да, тоа е процес. А зошто во меѓувреме не го игнорираме, како што тоа го прават Грците?!

361. Не е ннавредливо на дибек да му кажеш дека е дибек. Зашто е дибек.

362. Срамотата на простакот Румен Радев на средбата со претседателката на Македонија требаше да се искористи за меѓународен лом на Бугарија.

363. Против соседи грабливци жестока и саможртвувачка одбрана на своето.

364. Не сте при ум кога барате објаснување наместо извинување за државничко понижување.

365. Добро е, состојбата се подобрува, па продолжувам по својата врвица од врв до нов врв.

366. За срцето да не ти препукне од жал или стрес:
Варди го од болештини, чувај го од зло, брани го од премногу, пресилно и пребрзо.

367. Не се предавај никому и на ништо до последен здив.

368. Пак прашање:
Дозволувам македонски издавач да објави/отпечати мое дело?
Ист одговор:
Не дозволувам.

369. Нема ни држава ни општество со политиканти и медиокритети на власт.

370. Мафијашките раководни структури на СДС и ДУИ, амнтимакедонски политички опозициони партии со двајца без тројца членови, функционираат непречено.

371. Не сум со нив зашто јас им требам, а тие мене не.

372.-Дали е сè во ред?
-Не може да биде.

373. Сосе дело во неврат. Без трага.

374. Ги ништи свеста за сопствената дребнавост и само при помисла на мене.

375. Мојата генерација на замин, а јас за неа одамна не постојам. Што ми е особено драго!

376. Кога нема враќање на стариот колосек, а нов не си ни почнал да градиш…

377. И што само здравје макар друго ништо, особено кога е и тоа кревко?

378. Тврдење на дипломат кој беше и е глуп:
За „проблемот“ со Бугарија преговараме со Брисел!?
А со кого го „испреговаравме“ оној со Грција?!