Едности IV, 96-100

96. Подолу

Долу кон уште подолу занемен.

97. Додека

Додека дојде ден, уште некој ден.

98. Клик

Слушнав клик во подножје.

99. Присој

На присој по осој бликна песна.

100. Јак

Со него никако не неизвесно.  

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.