Потребно време за читање: < 1 минута

  33. Големи луѓе-Генијалност

Големите луѓе никогаш не го владееле светот, ниту некогаш ќе го владеат. Тие отсекогаш него го предводеле, го придвижувале напред, го напредувале. И ќе продолжат со своето создавање и со создаденото, без оглед дали ќе им биде признаено или не од современиците и/или од оние што допрва ќе ги живеат вредностите на животот. Впрочем, тоа-признавањето никогаш и не им требало, никогаш не го барале, ниту некој од нив ќе го бара. Од кого? Од помалите од нив, од малите?

Големите се големи затоа што своето сегашно време го продолжуваат во сегашното и идното на други.

А генијалноста?

Дали сум јас гениј? Да! А ти? Можеби! А овој, оној? И тие можеби!

Ама јас сум поголем и од тебе и од нив? Не зашто се сите исто големи? Не! Тоа времето ќе го каже според делата што ги оставаме.

Што е гениј? Човек со извонредно голема интелигенција? Не ќе е, зашто познаваме во минатото и денес многу такви, ама не ги сметаме за гении. Зошто? Затоа што не познаваме нивни дела признати од сите. Но што е со непознатите гении токму поради непризнателноста? 

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 20

Ај да останеме на ова: генијот му дава на човештвото нешто што тоа не би го имало ако него го немало. Ама и на ова: тоа што го дава или го оставил тој е единствено, оригинално, неповторливо и недостижно.