Потребно време за читање: < 1 минута

21.Знаење

Цел живот се учи за животот да се научи; колку од него вреди за паметење, а колку да им се препушти на заборавот и минливоста.

Кој не знае, треба да дознае. Кој знае, други треба да му го дознаат знаењето.
Моќта на знаењето е секогаш мерлива и споредлива.  Човек никогаш не знае колку што треба и може да знае. 

Нема мудар човек во минатото и денес кој не изрекол мисла, не напишал умност за знаењето. Токму тие-мислата и умноста најмногу зависат од него, повеќе и од искуството, а заедно со него целосно. Па и кога мислат на него зборувајќи за незнаењето.

Најмногу од сите ја истакнуваат штетноста од лажното знаење. Тоа треба навреме да се открива, да се предупреди. A со оглед на штетите што ги предизвикува и последично ги нанесува.

Наспроти него, нему спротивставено му е темелното знаење.