ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 19

Тивки клокоти

19. Зло

Никому зло да не му мислиш. Секој што тебе ти мисли и најмало, најпрвин да помисли зошто му е. Никому зло да не му правиш, а секој што ти прави и најмало треба да се праша чуму тоа.

Нема спас од зло. И мислено и правено.

Зло од невнимание или од несакање може да се совлада со напор, да се порази со добро. Но зло со намера да се повреди, да се нанесе болка, да се отвори рана не оти нема да се заборави, туку може да предизвика друго, па трето, четврто. Tа да нема крај во нанесувањето зло еден на друг, едни на други, во слепило и беснило.

Злото се казнува од оние што го бранат доброто за сечие добро. Во секое и сечие време.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.