Потребно време за читање: < 1 минута

52. Државнички промислувања и предлози

Прв услов за перспективно општество и држава на сегашност и иднина:

На власт партии предводени од видни, умни, учени, искусни, способни, чесни и доблесни личности со креативен дух.
За живот со вредности.

Јас сум за нов македонски Устав!

Во кој најпрвин ќе се разграничи името Македонија од државното устројство, а ќе се истакне заедништвото меѓу македонскиот народ и другите етникуми (одбегнувајќи го „навредливиот“ термин „малцинство“ и идиотизмот „делови од народи“, наведувајќи ги во преамбулата сите или не наведувајќи ниеден; притоа да се размислува и за наведување условено од  нужно минимално процентуално учество во општествената заедница), како и географските координати на државата.

Исто така, да се има предвид дека при постоење на народ-македонскиот, не може допрва вештачки, значи сосила да се дефинира-формира нација. (Таа е рецидив или измислица на „модерниот“ неоколонијализам).

Уставот да го подготви експертски тим составен од врвни македонски познавачи на уставното право. Би било добро да се ангажираат и видни европски и светски експерти.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 9

Предлог-решение во нов македонски Устав:

Се признаваат како рамноправни сите јазици што се говорат во Македонија, а јазик за разбирање меѓу македонскиот народ и другитге етникуми е македонскиот.

Предлог:

Како „прв меѓу еднаквите“ (спикер), претседателот на Собранието на Македонија да го избираат пратениците со мнозинство гласови, а неговиот мандат да трае една година (без право на реизбор).

Уредена, функционална, чиста држава? Ништо полесно!

Нова казнена политика, со три вида високи/драстични казни:

-парична;

-општествено корисна работа-со утврдено времетраење според тежината на прекршокот/кривичното дело, минимална плата и без признавање работен стаж;

-затвор и општествено корисна работа (комбинирано);

-строг затвор (за тешки кривични дела).

Нов Кривичен законик и негова строга примена, без влијание на човечки фактор (или тоа сведено на минимум со користење на технолошки средства).