Потребно време за читање: < 1 минута

14. Душман-Непријател

„Нека пукнат душманите“, велиме кога ни оди добро. Но, кога ќе подзаборавиме да вардиме на душманите, ете неволја. Почнуваат да пукаат и од мака и од многу друго.  Дури им дозволуваме да нè убиваат.

Со душмани и наши најголеми непријатели очи да не си видиме.

Мислам и домислувам за непријател што ти станува пријател:

Ниеден непријател не е тоа засекогаш, ами само некое време. Најчесто дури е за против или противење, дури судирот не заврши вака или онака. Може не веднаш потоа, ама штом непријател ќе ти стане пријател, тој станува поголем пријател од мнозина што ти се прикажувале и ги сметаш за такви.

Мислам и домислувам за душманот твој:

Варди се од душманот што те демне за да те начека во небрано, па да те докусури. Попрво ти него начекај го и сотри го пред тој да те сосипе сам или со припомош на други душмани.

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 28

Мислам и домислувам за вистинскиот пријател и грешките што си ги сторил:

Научи дека не непријател, ами вистински пријател е оној што те предупредува да не грешиш или ти ги кажува грешките што си ги сторил од несакање, несвесност и небрежност.