ОД ПАД ОСТАНУВА ОТПАД. ОТПАЃА, СЕ ОТПАДУВА И ВО ИСТО ВРЕМЕ СТАНУВА ОТПАДНИК. СЕ РАЗБИРА НЕ СЛУЧАЈНО БИДЕЈЌИ Е ОД ПАД НЕЧИЈ КАКО НИЧИЈ, ШТО ЗНАЧИ МОЖЕБИ СЕЧИЈ.
МНОГУ Е ВАЖНО ДА СЕ НАСПОМНЕ ДЕКА ПАДОТ НЕ Е НЕНАДЕЕН ИЛИ СЕКАВИЧЕН, КАКВИ ШТО ИМАЛО ВО МИНАТОТО И ИМА ДЕНЕС, БАВЕН Е, ПОСТАПЕН. ОД ШТО, ПАК, ПРОИЗЛЕГУВА НЕГОВА ЦЕЛОСНА СОГЛЕДЛИВОСТ, ОСОБЕНО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОДНОСНО САМИОТ ОТПАД ШТО ОТПАЃА, СЕ ОТПАДУДА И ВО ИСТО ВРЕМЕ СТАНУВА ОТПАДНИК.
КОГА Е ЗБОР ЗА ПАДОТ ВООПШТО, ЗНАЧИ ЗА КАКОВ БИЛО ПАД, СЕКОГАШ ТРЕБА ДА СЕ ИМА ПРЕДВИД ДЕКА ТОЈ НУЖНО СЕ СЛУЧУВА ОД НЕГДЕ ОДГОРЕ ИЛИ ОД ВИСИНА. МОЖЕ И ОД ВРВ. КОГА Е ОД НЕГДЕ ОДГОРЕ, СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА Е ЗБОР ЗА НЕГОВО ТРАЕЊЕ ИЛИ ПРОЦЕС, ДО КОНЕЧЕН ПАД. ПАД ОД ВИСИНА ВООБИЧАЕНО НЕ Е СО ПОГОЛЕМИ ИЛИ ПОТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ. ПАДОТ ОД ВРВ, ПАК, МОЖЕ ДА НЕ БИДЕ ТРАЕН И СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ ПО ПСИХОФИЗИЧКОТО ЗДРАВЈЕ НА ПАЃАЧОТ САМО ДОКОЛКУ ТОЈ ПРЕТХОДНО СЕ НАУЧИЛ, ИЗВЕЖБАЛ ДА СТАНУВА ПО ПАД.
ЗАГРИЖУВАЧКА СУДБИНАТА НА ЧОВЕКОТ ОД ДЕНЕШНА ПЕРСПЕКТИВА. ИМЕНО, НАЈМНОГУ ОД НЕГОВИТЕ ПАДОВИ ОСТАНУВА СĖ ПОГОЛЕМ ОТПАД, А ВЕЌЕ СЕ ОТПАДНАТИ И СĖ ПОГОЛЕМИ ДЕЛОВИ ОД НЕГОВАТА СУШТИНА. ОД ДРУГА СТРАНА, ОД ДЕН НА ДЕН ТОЈ САМ СĖ ОТПАДУВА СЕБЕСИ И СĖ ПОВЕЌЕ СТАНУВА ОТПАДНИК.
НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 22