ЧОВЕК ВО ПРИРОДА НЕ УСПЕА ДА СЕ НАЈДЕ СЕБЕСИ И ДА СИ ДОКАЖЕ КОЛКУ ЗНАЕ ЗА НЕА ДОДЕКА Е СО НЕА. ВСУШНОСТ, ДЕКА НИШТО НИТУ ЗНАЕ, НИТУ ПОМИСЛУВА ДА СЕ ПОТРУДИ БАРЕМ ДА ГИ ОТКРИЕ НЕЈЗИНИТЕ ПРИРОДНИ ЗАКОНИ.
СЕ СООЧИ СО ПРИРОДНАТА СЕЛЕКЦИЈА, ПРИТОА ЧУВСТВУВАЈЌИ ДЕКА ВО МЕЃУВРЕМЕ ЈА ИЗГУБИЛ СПОСОБНОСТА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ. НАЈПРВИН ЗАТОА ШТО ГО ЗАБОРАВИЛ ЈАЗИКОТ НА ПРИРОДАТА, А НА КОЈ ГО УЧЕЛЕ ДАМНЕШНИ И БЛИСКИ ПРЕДЦИ.
СЕ ОБИДЕ СО ПОСЛЕДЕН НАПОР ДА ГИ ОТКРИЕ ПРИРОДНИТЕ БОГАТСТВА, ПРЕД ДА УМРЕ СО ПРИРОДНА СМРТ. (НЕГОВ ИЗБОР.) НЕ ЗА ДА ГИ ПРИСВОИ, ДА ГИ УПОТРЕБИ ЗА ШТО-ГОДЕ, СКРАЈА ДА Е ДА ГИ ЗЛОУПОТРЕБИ, ТУКУ ЗА ДА ЈА ОСТВАРИ СВОЈАТА ПОСЛЕДНА ЦЕЛ ВО ЖИВОТОТ: ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД НИВ.
ПОЧУВСТВУВА СИЛНА ГЛАД ЗА ЉУБОВ И ЖЕД ЗА ИГРА ВО СЛОБОДА, НЕ РАЗБИРАЈЌИ ОД КАДЕ И ЗОШТО.
КОНЕЧНО МУ СЕ СЛУЧИ:
ПРИРОДАТА ПРОСТО ГО ОФРЛИ ОД СВОЈАТА СРЕДИНА И ОКОЛИНА, ОСТАВАЈЌИ НА НЕГОВИТЕ ВРЕМИЊА И НЕВРЕМИЊА ДА ГО ЗАРОБАТ ВО СОПСТВЕНАТА МИНЛИВОСТ БЕЗ ПОТОМСТВО.