386. Жени
Се собрале жени на пат
да испратат домаќин човек.
387. Гушкање
Веќе некое време се гушкаат
две гулабици во заветрина.
388. Конечно утро
Дочекано утро спокојно
од будни деца цела ноќ.
389. Обграден народ
Со трње, отрови и мрак
обградиле народ исконски.
390. Изроди
Изродени во сеништа
играат со огнови и сенки.