ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 15

Потребно време за читање: < 1 минута

15. Избор-гласање

На следните парламентарни избори македонскиот народ ќе гласа САМО за партија која ќе гарантира:

-еднострано раскинување на Договорот за (не)добрососедство со Бугарија;

-прогласување за неважечки Договорот во Нивици меѓу Грција и Република Македонија;

-донесување одлука дека Рамковната спогодба е конечно реализирана;

-воведување мериторен систем во сите сфери на животот (од врвовите на власта, особено на Владата, па до најдолните нивоа во јавната администрација и јавните претпријатија);

-донесување нов Закон за употреба на јазициите со кој ЌЕ СЕ УКИНЕ двојазичноста, а ќе се гарантира ЛИЧНА УПОТРЕБА на јазиците на малцинствата (значи и укинување на „ јазик на 20%“, односно на Бадентеровиот принцип);

-донесување нов Закон за политичките партии со кои ќе се забрани формирање на еднонационални партии;

-донесување НОВ УСТАВ со кој ќе се (ре)дефинира МАКЕДОНИЈА како ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАЛЦИНСТВАТА ШТО ЖИВЕАТ ВО НЕА И ЈА ПРИФАЌААТ НЕЈЗИНАТА УНИТАРНОСТ!