346. Рано и предоцна
Не тргај рано кон наш нов сон
за предоцна да не се разбудиш.
347. Од време по време
Била една светлина меѓу нас,
веќе недостижна и без смисла.
348. Бесполезно
Што оти може да ме паметиш,
а го заборавивме нашето минато?
349. Не си кај што си
Не те препознавам пред мене
ни како твоја сенка во мојава.
350. Ѕвезда
Моја е која било ѕвезда меѓу ѕвезди
на небо во тишина со мои соништа.