331. Следам
Сончев зрак и сенка
во врамено огледало.
332. Книга
Заробила пајажина книга
во агол на заборав и немост.
333. Некој свет
Некој сè уште жив свет
спокоен, таен и самотен.
334. Немоќ
Не можам да замислам
кругови во единствен круг.
335. Ден година
На хоризонт траги
наши, ветровити.