СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 301-305

Потребно време за читање: < 1 минута

301. Без значење

Траги од мој ветар
скитник низ живот.

302. Сува празнина

Длабока тишина
заробена за навек.

303. Замисла на море

Да ловиме бранови
што следат немири.

304. Добро ништо

Биди спокоен дека ништо
од мене за твој предизвик.

305. Ме има како да ме нема

Јас сум одамна до небо обграден
со длабоки корени и голи планини.