Тоа е насекаде околу нас, а лечи: рак, хепатитис, холестерол, црн дроб…
Почетокот на април е идеално време да наберете глуварчиња. Ако тоа и не ви изгледа дека е добра идеја, по читањето на следниов текст сигурно ќе се предомислите.
Целата билка глуварче е најлесно да се бере така што под неговиот корен ќе завлечете нож и ќе го извлечете растението сосе коренот, зашто сите делови на ова самоникнато растение се мошне лековити.
Лисјето на глуварчето е одлично решение за салата. Добро се согласува со варени јајца и компир, а според богатството со витамини ги надминува спанаќот и доматот. Освен што има својства на диуретик, го поттикнува создавањето жолчка, го чисти црниот дроб, помага кај алергии и го намалува холестеролот, па се препорачува и како додаток во исхраната на бремените жени и жените во постменопауза. Интересно е и дека глуварчето содржи повеќе каротен од морковот и е богат извор на различни минерали и витамини.
Стебленцата на глуварчето го забрзуваат растворањето на жолчката, го регулираат метаболизмот, ги прочистуваат крвта и желудникот. Народната медицина ги препорачува против дијабетес, а млекото од стебленцето е познато како лек за отстранување брадавици. Иако некои веруваат дека „млекото“ на глуварчето е отровно, тоа не е точно и вистината е сосема спротивна- мошне е лековито.
Од цветовите на оваа билка се добива сируп кој понекогаш го нарекуваат и мед. Тој ги чисти и ги јакне крвата и варењето, а помага и кај кашлањето.
Рецепт за сируп од глуварче (одличен за отстранување на симптоми на настинка, кашлање, бронхитис; добар е и за деца):
Наберете околу 400 жолти цветови глуварче. Прелејте ги со 3 литри ладна вода и уфрлете ги во кришки исечени 4 лимони и 4 портокали. Оставете 24 часа. Потоа низ газа процедете и префрлете ја течноста во лонец. Додајте 2 килограма шеќер и со често мешање гответе отприлика час ипол откако течноста ќе проврие. Би требало да добиете погуст сируп. Потоа намалете ја температурата и добиениот врел сируп прелејте го во топли стаклени тегли.
Коренот на глуварчето лечи рак
Дека оваа билка е мошне лековита откриле научниците кои обелоденија дека со коренот може да се излечи дури и рак.
Ако сакаме да го чуваме коренот на глуварчето, потребно е тој да се исуши. Пред сушењето треба внимането да се излупи и да се исечка на еднакви помали парчиња. Потоа се суши на свеж воздух така што ќе ги раширите на некоја подлога, на суво и ладно место со добар проток на воздухот. Коренот ќе се исуши во период од 3 до 14 дена, а ќе препознаете дека е исушен кога ќе стане крт под прстите. Сувиот корен на глуварчето ги задржува лековитите својства и до една година, со чување во стаклена тегла на суво и темно место.
Коренот на глуварчето ги чисти црниот дроб, жолчката, бубрезите и лимфата и ги поттикнува бубрезите да ги исфрлуваат токсините низ урината. Овој корен се користи и за лечење на многу болести, како тврда столица, но и ја чисти кожата од акни, едеми и слично, лечи артритис, реума, хепатитис, камен во жолчката…
Коренот на глуварчето е изразито добар за женски заболувања, посебно во превенцијата и лечењето на различни болести на дојките, како цисти, карцином, разни тумори, отечени гради и проблеми со доењето и мајчиното млеко.
За да се искористи полниот потенцијал на коренот на глуварчето, најдобро е да се зготви чај од него. Рецептот е следен:
Измешајте 30 грама сув корен на глуварче со 60 грама свеж, па смесата прелејте ја со 2,5 децилитри вода во која ќе додадете и прстофат сол. Оставете течноста да проврие, прекријте го садот и бавно гответе 20 минути. Потоа процедете и пијте по 3 шолји „чај“ дневно.
(Izvor: Pressonline/Vecernji.hr)