ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 15

Потребно време за читање: < 1 минута

15. По невреме

Низ нас помина невреме што долго ќе го носиме во нас. Како паметење, како сенка во коските ни, како крвава рана од молскоти. Помина, но уште не се дава да го опишеме со зборови или знаци, никако со пискоти, крици и грмотевици.

Се разбира, долго ќе го носиме во нас сосе несогледливите последици кои ние, што останавме живи со мали и големи неизлечиви болести, тешко дека до смртта ќе успееме да ги надминеме. А по неа ќе нема кој, па тоа значи дека се несогледливи во сегашнинава во која одамна се вгнезди непредвидлива иднина. Особено кога станува збор за трагите на нашето постоење на нашава и во нашава земја.

Сега сите нас, останати живи нè беспокои, најмногу нè измачува прашањево без одговор:

Зошто невремето помина низ нас и долго ќе го носиме во нас кога ние не го направивме, туку ни го направија безогледни изродници и предавници на заветот на нашите предци-да бидеме сплотени за да бидеме силни, здрави и прави?

Исто така, никој од нас нема сомнеж дека тоа беше долго подготвувано, детално предвидено и на земја и на небо од жедни и гладни за игрив растеж, е одговорот на прашањето во прашањето без одговор.