ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 231-235

Потребно време за читање: < 1 минута

231. Живеалиште

Уште е живо живеалиштево за живот.

232. Раѓање на плод

Долго, макотрпно, оддадено и со љубов.

233. Демнење

Демне ветрогон кренат народ на нозе.

234. Силуети

Гледам темни силуети во празен излог.

235. Весела песна

Се пее без зборови меѓу зборови.