211. На нозе
Сè уште на нозе човек
во камена пустина.
212. Исконски народ
Несогледливи корени
на народ во дамнина.
213. Значење
Какво значење има борба
без победник и поразен?
214. Сонувач
Меѓу стварност и заумност
еден сонувач се буди мигум.
215. Глас
Еден глас на непокор
се слуша во далечина.