СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија, 191-195

Потребно време за читање: < 1 минута

191. Сончевина

Зимска сончевина ми ги облеа
срцето, возбудата, играта и сонот.

192. Оган и пепел

Огнот е далеку од пепелта
додека е огнена без него.

193. Меѓу два ѕвера

Човек меѓу два диви ѕвера
речиси жив, речиси мртов.

194. Грдо лице

Огрде лицето на човекот
што носи безлична маска.

195. Нежна песна

Ми пее нежна песна
убост на зајдисонце.