ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XVIII, 961-980

Потребно време за читање: < 1 минута

961. Парите на пребогатите  го вртат светот.

962. Основно е каква е основата.

963. Сметките на пресметлив никогаш не се чисти.

964. Ништо не ми значи дека не ти значам ништо.

965. Сал мали задоволства во бесцелно живуркање на човек во години.

966. Уште си верувам.

967. Заборавот сè побрз.

968. Молчиш застрашен дека некој може да те слушне.

969. Идиоти на власт против народ!

970. Нит` му се збори, нит` му се молчи на јадосан.

971. Ме читаат и ме разбираат, ама се прават наудрени.

972. Просто ми е смешно кога кажуваат како нивно, а од мене дамна кажано.

973. Јадам леб и сол оти сум богат!

974. Тргни ми се од патот за да не морам да те заобиколам.

975. Кој од кој похрабар будала!

976. Без љубов сè исто и сеедно.

977. „Од каде и зошто тој толку голем анимозитет спрема Тебе како личност и твоето грандиозно мислечко и книжевно творештво?“
Не знам дали станува збор за анимозитет или за нешто друго, но воопшто не ме интересира. Сум напишал многупати, еве и сега:
Јас не дозволувам печатење на мое дело во „оваа држава“. А што се однесува на преведување и објава во странство, ќе размислам ако добијам конкретна понуда.

978. Личната одговорност е голема и комплексна. За секого, а особено за одговорните.

979. Ќе му се спротивстави ли македонскиот народ на завршниот уништувачки удар врз него, врз неговата земја и македонството?!

980. Доброто во голема мера зависи од разумноста.